Години наназад учениците од ОУ Денче Дејаноски – Маврови Анови, учествуваат на натпревари по наставните предмети. Ние како наставници сме горди на нашите ученици, што го претставуваат училиштето на најдобар можен начин. Оваа учебна година тие учествуваа на натпревари по англиски јазик и математика.

Ученичката Ана Дингоска од 9 одделение учествуваше на натпревар по математика на Интернационалниот математички натпревар КЕНГУР 2021, каде што беше наградена со Прво место во нејзината категорија. Ментор на ученичката беше наставничката Даниела Анѓелкоска.

Им честитаме и посакуваме понатамошни успеси.