Училишен живот

ОУ ,,Денче Дејаноски,, – Маврови Анови, со своите подрачни училишта  е специфично прво со самата организација на работа. Во него секојдневно се активираат наставниците, воспитувачите, стручната служба и после часовите. Според проширената годишна програма, секој наставник, воспитувач, педагог има задолженија во текот на неделата и пред и после часовите. Наставниците ги ангажираат со најразлични воннаставни активности до целосно завршување на наставата од сите паралелки и испраќање со организиран превоз на дел од учениците, а другите продолжуваат со престојот и активностите во ученичкиот дом, со дежурните наставници. Со самото основање на училиштето ,,Денче Дејаноски,,, работи и Ученички дом, бидејки сите ученици од околните села во шесто одделение го продолжувале своето школување во централното училиште и престојувале во домот. На почетокот престојувале и до 50 ученици,  но со миграцијата бројот се намалуваше, па сега престојуваат 10 ученика.

Училиштето беше и е вклучено во проектите МИО, Градиме мостови, Вело училиште, Конфликти и комуникации – Отворен ден на граѓанско образование, Спорт за развој. Учениците редовно се вклучени на натпревари на општинско и регионално ниво. Наставниот кадар редовно и професионално се усовршува преку семинари, симпозиуми, меѓународни конференции, дел кој ги организира МОН, БРО, а дел самоиницијативно, каде после секоја обука следи дисеминација на наставниците во училиштето.

Во училиштето се подготвуваат и одржуваат најразлични манифестации, како приредби за Патрониот празник, Нова година, завршување на учебната година за учениците, спортски натпревари со другите училишта од општината, организирање на екскурзии според Годишната програма, Еко акции и сл. Kарактеристично е тоа дека при реализација на МИО проектот, сите основни училишта од општината Мавтово Ростуше се збратимени и редовно меѓусебно се посетуваме и одржуваме најразлични работилници и спортски активности. Во склоп на воннаставните активности работи ликовната секција, која секоја учебна година на завршната приредба, организира ликовна изложба на која се поканети сите граѓани од Маврови Анови, како и родителите, чии деца учат во училиштето.

Историјат на Училиштето

ОУ ,,Денче Дејаноски,,  е основано 1957 година, верифицирано 22.05.1996 со број на актот 10-1456/3.  Основното училиште ,,Денче Дејаноски,, се наоѓа во населбата Маврови Анови, општина Маврово Ростуше, кој е во склоп на Националниот парк МАВРОВО, сместено покрај патот за село Врбен. Во текот на своето постоење училиштето е реновирано, изградена е мала спортска сала, надворешно спортско игралиште, сменети прозори, кров и сѐ што било неопходно за негово непречено функционирање. Од него се гледа целото Мавровско езеро, чија глетка и пејзаж воодушевува и му дава посебна топлина и убавина на училиштето.

Во склоп на училиштето работеле повеќе подрачни училишта покрај сега постоечките, а децата кои во нив учеле од прво до четврто одд. потоа доаѓале во централното училиште и во него учеле до осмо одделение, а истовремено и престојувале во Ученичкиот дом ,,Седек Костоски,, од понеделник до петок, поради оддалеченоста од местото на живеење и немањето превоз.

Со миграцијата село – град, бројот на деца е намален, како и бројот на подрачни училишта, со што моментално работат четири подрачни училишта во селата Врбен, Маврово, Дуф и Нистрово. ЦОУ во Маврови Анови, како и Ученичкиот дом, во кои престојуваат деца кои поради тешките временски услови  и одалеченоста преку поголемиот дел од годината, не може секојдневно да патуваат.

СЕРТИФИКАТИ ДОДЕЛЕНИ НА УЧИЛИШТЕТО ДЕНЧЕ ДЕЈАНОСКИ И УЧЕНИЧКИ ДОМ