На ниво на нашата општина беше извршено истражување по предметот Граѓанско образование на тема: Конфликти и комуникации – Поттикнување на демократска клима во нашето училиште и во заедницата воопшто, во кои беа вклучени учениците од IX одделениепредводен од наставничката Јелена Змејкоска во соработка со БРО и МЦГО.

По успешно завршената работа, беше доделена опрема за потребите на училиштето, лаптоп и проектор. Најмногу се израдувавме за тоа што, успешно завршената работа на нашите ученици најде место во Прирачникот ,,Збирка на добри практики,, меѓу најдобрите на ниво на нашата општина.