Врз основа на член 60 од Законот за основно образование

ООУ ,,Денче Дејаноски,, – Маврови Анови објавува


О Г Л А С

За запишување на ученици во прво одделение

во учебната 2023/2024 година

Право на запишување во прво одделение имаат:

  • Сите деца родени во 2017 година, кои до крајот на 2023 година ќе наполнат 6 години;
  • Децата родени до 31.01.2018 година по барање на родител и добиено мислење од стручната служба во училиштето.

За запишување во прво одделение потребни се следните документи:

  • Извод од матична книга на родени за детето ( фотокопија);
  • Лични карти од родители/старатели на детето;
  • Потврда за примени задолжителни вакцини;
  • Потврда за систематски преглед издадена од стоматолог;
  • Потврда за офталмолошки преглед издадена од офталмолог.
  • При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение,односно старателот е должен да достави мислење функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здраствена подршка според МКФ.
  • Родителот односно старатело има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или  постојано престојува
  • Основното училиште деложно да ги опфати учениците од својот реон

Запишувањето го спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение во текот на месец мај, со претходно договорен термин на тел. 071/343-555 и 078/271-206.

КОМИСИЈА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

1. ЗЛАТИЦА ГАВРИЛОСКА

2. ОЛГИЦА МАЛАКОСКА

3. СЕВДИЕ ФАЗЛИЈА

Маврови Анови

 Април 2023

Директор

Слаѓана Симуноска

ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА!!!

ООУ ,,Денче Дејаноски,, – Маврови Анови, 1256 Маврови Анови e-mail: dencedejanoski@yahoo.com http://ooudencedejanoski.edu.mk/