На ден 16.5.2023 година учениците и наставниците од ООУ Денче Дејаноски – Маврови Анови беа на еднодневна екскурзија.

Беа посетени Струга – Природонаучен музеј ,,Д-р Никола Незлобински,, , кејот на реката Дрим, Паркот на поезијата!

Охрид – Старата чаршија, Национална работилница за рачна изработка на хартија, спомен Куќата на Робевци, Самуилова тврдина, комплекс Плаошник и храмот ,,Св. Климент и Пантелејмон,, , стариот Чинар, прошетка на кејот на Охридско езеро, Музеј ,,Залив на коските,, , Манастирскиот комплекс ,,Св. Наум Охридски,,.

Впечатоците и убавите моменти долго ќе се помнат!