Првата  помош спасува живот!

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гостивар во рамките на кампањата ,,Првата помош спасува живот” на ден 16.11.2023 година  во OУ „Денче Дејаноски“ – Маврови Анови одржа обука по прва помош. Обуката беше спроведена од страна на обучени волонтери и вработени на Црвен крст Гостивар., а ја следeа  учениците и наставниците од училиштето.

ОУ ,,Денче Дејаноски” – Маврови Анови се заблагодарува на Црвениот крст за соработката  за реализација на кампањата. #прватапомошспасуваживот